ROTARY

Една искра, цела шума!

Во последните 5 години, повеќе од 120.000 хектари шума изгореа во Македонија – 94.000 само во 2024. Причината? Ние. Луѓето. Ротари клуб Скопје Вест ја започна националната кампања „Една искра, цела шума!“ за да укаже на овој алармантен проблем и да ги поттикне граѓаните на одговорност.
За нас

Во служба на заедницата.

Ротари клуб Скопје Вест е дел од Асоцијацијата на Ротари клубови на Македонија, посветен на служење над себе, хуманост и заштита на заедницата.

Членови од различни професии и генерации, обединети од една цел – да создадат позитивна промена во општеството.

Ротари клуб Скопје Вест делува во областа на образованието, екологијата, здравјето и поддршката на ранливи групи.

Rotary favicon

Ротари клуб Скопје Вест

служба над себеси

demo-attachment-69-circle
RC cover

95%

од пожарите

се предизвикани од луѓе

55

милиони евра

директни и индиректни штети

120.000+

хектари шума

изгорени за 5 години

ПОЖАРИ
Како настануваат пожарите?
Причини што можеа да се избегнат. Овие се најчестите фактори што го предизвикуваат првиот пламен:
Фрлање отпушоци и запалки
Цигари фрлени од возило или пешачка патека може да запалат сува трева и лисја за неколку секунди.
Оставен оган што тлее
Неконтролирани огнови оставени во природа, без соодветно гасење, често преминуваат во шумски пожари.

Палење стрништа и отпад

Иако забранети, палењата на ниви и полиња сè уште се честа појава – со катастрофални последици.
Искри од машини и алат
Возила, косилки и алати со метално триење, како и случаи на подметнување – често поврзани со нелегална сеча.
Секој може да спречи пожар.

Потребни се само неколку свесни чекори:

Не палатe оган на отворено (освен на обележани места)

Никогаш не фрлај цигари во шума

По кампување – целосно изгаси го огнот

Не оставај стакло или шишиња во природа

Не пали стрништа или отпад

Проверувај дали има забрана за движење во шума

demo-attachment-69-circle

Пожарот се шири брзо – не обидувај се да го изгасиш сам ако е надвор од контрола. Оттргни се на безбедно растојание, особено ако има ветер.

Обиди се да ја запомниш или запишеш GPS-точката, блиска патека, село, објект или регионален пат – ова ќе биде клучно за екипите кои треба да реагираат.

Не чекај – секоја секунда е важна. Пријави го пожарот на:
☎️ 193 – Противпожарна служба
☎️ 112 – Центар за итни случаи
☎️ 02 / 3249 – 444 – Центар за управување со кризи
🌐 cuk.gov.mk – за дневни информации и пријава

КОНТАКТ
Биди дел од движењето

Сподели ја пораката, едуцирај ги блиските, реагирај кога некој прави штета.

rc.skopjewest@gmail.com