priznanie

Едно специјално признание и четири благодарници за членовите на РК Скопје Вест од Сојузот на Ротари клубови на Македонија

Горди сме што четворица наши членови на РК Скопје Вест, во оваа ротаријанска 2024/2025 година се истакнаа со својот особен придонес во работата на Сојузот на Ротари клубови на Македонија.
Нашиот признат и познат член во целиот Дистрик 1912, искусниот Ротаријанец Сашко Целаковски, се здоби со високото Признание Академик Глигор Каневче – за особени ротаријански активности, а членовите Бранка Костиќ Марковиќ – претседател на Комитетот за ПР на РК Скопје Вест и претседател на Комитетот за етика на Сојузот на Ротари клубови, Филип Ивановски – актуелен претседател на РК Скопје Вест, Дејан Стојановски – иден претседател на РК Скопје Вест, како и Сашко Целаковски – носител на низа функции во Сојузот и Клубот, добија благодарници за поддршка за реализација на програмата на Сојузот за Ротаријанската 2024/2025 г.
Дипломите им беа врачени од координаторката на Сојузот на Ротари клубови од Македонија и Асистент Примус на Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 за Словенија и Македонија, г. Елена Панова.
Честитки и желби за многу следни успеси!

Comments are closed.